24фудбал

Варан им соопштил важна одлука на своите соиграчи во Реал Мадрид

Шпекулациите за можно заминување на Варан од Реал Мадрид од ден на ден се зголемуват, а се чини дека неговата следна дестинација ќе биде Олд Трафорд, од каде поодамна има интерес за неговите услуги.

Шпанија

Рафаел Варан е сериозен во намерите да си замине од редовите на Реал Мадрид, на само 25 години Французинот освои се што можеше да освои на Сантијаго Бернабеу, а како што стоја работите, дефанзивецот на лето ќе си замине од шпанската престолнина по нов предизвик во својата кариера.

„Лекип“ оваа седмица извести дека Варан има нескриена желба да си замине од Реал Мадрид, а сега се шпекулира дека веста не наишла на изненадување кај неговите соиграчи од екипата на шпанскиот гигант.

Според пишувањата на „Марка“, Варан уште во јануари на најблиските во соблелувалната им кажал дека размислува за заминување, а потоа ги известил и сите останати дека му е потребен простор за да донесе одлука за тоашто е најдобро за него и неговата иднина. Зинедин Зидан се чини дека не може ништо да промени во таа ситуација, иако обајцата имаа фантастична соработка во претходното менаџирање на Французинот со тој состав.

Запрашан од „Ле Парисиен“ за неговата иднина, Варан одби да ги коментира шпекулациите околу тоа, додавајќи дека тоа не сака да го стори јавно, а од поодамна за неговите услуги интерес има Манчестер јунајтед, а се чини дека Премиерлигашот ќе биде следната дестинација за Французинот.