24фудбал

Нејмар во конфронтација со претседателот на ПСЖ поради Алвеш?

Блискиот пријател на Нејмар доби понуда која не сака да ја прифати, за него сега се шпекулира дека е на излезна врата од Париз по крајот на актуелната сезона, а Нејмар не е среќен поради тоа, зад него застанал и Тухел.

Франција

Нејмар и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи имаат добар однос, барем така беше до скоро, но, првиот тест за нивниот однос според неофицијалните информации пропаднал и тоа поради договорот на соиграчот на првата ѕвезда на тимот, а воедно и негов близок пријател, Дани Алвеш.

Поддржан од својот тренер Томас Тухел, Нејмар влегол во конфронтација со Ал Келаифи вчера, во однос на договорот на Алвеш, откако на бразилскиот дефанзивец му бил ветен нов договор од првиот човек на францускиот првак.

Актуелниот важечки договор на 35 годишниот ветеран истекува во јуни, а ПСЖ наводно му понудил нов едногодишен доовор со плата која зависи од бројот на неговите настапи. Алвеш одбива да подаде рака на таа понуда и сега се вели дека е на излезна врата од Париз на крајот од актуелната сезона.

На средбата со Ал-Келаифи, Нејмар посочил дека Алвеш треба да остане во клубот, потенцирајќи дека тој се чувствува одлично во Париз со неговиот близок пријател. Тухел застанал на негова страна и во одбрана на Алвеш, додавајќи дека искуството на Бразилецот е од големо значење за тимот.