24фудбал

Врие во Рома, Џеко и Ел Шарави се фатиле за гуша, некој ќе „лета“ од Олимпико летоска

Медиумите од Италија пишуваат за голем инцидент во соблекувалната на Рома на полувремето од мечот со СПАЛ, Един Џеко и Стефан Ел Шарави се фатиле за гуша и морале да бидат разделени од соиграчите.

Италија

„Волчицата“ минатата сабота неочекувано загуби на гостувањето кај СПАЛ и дополнително заостана во битката за топ четири пласман и место во Лигата на шампионите.

Медиумите од Италија сега пишуваат за голем инцидент во соблекувалната на полувремето од овој меч. Един Џеко бил бесен, се дерел и шутирал разни предмети. Босанецот потоа му се пуштил на Стефан Ел Шарави, и му замерил поради тоа што не му додал во една ситуација.

„Фараонот“ не премолчел, па двајцата се фатиле за гуша и морале да реагираат соиграчите за да биде спречена тепачка. Ситуацијата дополнитело се искомпликувала откако Раниери решил да го замени Ел Шарави и на стартот од вториот дел на негово место да го пушти Пероти.

Ваквата „казна“ не му се допаднала на Италијанецот, кој останал разочаран и барал еднаков третман, па се говори дека оваа епизода може да има влијание врз иднината на Ел Шарави и тој да не го потпише новиот договор кој го има на маса.

Инцидентот може да биде и изговор за Рома да го продаде и Еден Џеко по крајот на сезоната. Босанецот има 33 години и висока плата од 6 милиони евра плус бонуси. Напаѓачот игра очајна сезона со само 7 погодока во Серија А, и се уште нема постигнато гол на „Олимпико“ во првенството. Интер изминатиов период често се споменуваше како клубот кој сака да го види голгетерот во своите редови.