24фудбал

Денот кога Ванда Нара му го нашла вториот мобилен на Икарди и го фрлила во море!

Од Аргентина пристигнува интересна сторија поврзана со Мауро Икарди и Ванда Нара, на почетокот од врската фудбалерот имал два телефони, едниот за работа а вториот за девојките кои му се додворувале.

Италија

Начинот на кој започна љубовната афера помеѓу Мауро Икарди и Ванда Нара е добро позната приказна но сега од Аргентина пристигнува интересна сторија од почетокот на романската помеѓу фудбалерот и атрактивната блондинка.

Адвокатката на Ванда Нара, Ана Росенфелд беше гостин во една утринска емисија, а познатиот водител Анхел де Брито ја праша: „Кога Ванда го сретна Муаро, Икарди имаше два телефона, но еден ден, вториот телефон исчезна?“.

Таа реши да не одговори ништо, па водителот продолжи: „Едниот беше официјален, за работа, а вториот за девојките кои му се додворуваа. Еднаш кога беа на јахта, вториот телефон падна во рацете на Ванда, не и се допааднаа пораките, па го фрли телефонот во море“.