24фудбал

Како можа да изгледа Манчестер јунајтед со Кутињо, Санчо и останатите големи засилувања со кои се поврзува (ФОТО)

Се очекува „ѓаволите“ летоска да инвестираат огромна сума на пари за да ја намалат разликата со ривалите, Манчестер јунајтед се поврзува со голем број на имиња па Мирор состави како би можел да изгледа тимот од соништата.

Англија

Манчестер јунајтед го имаше најлошиот старт во последните 27 години, што резултираше со отказ на Жозе Мурињо. Работите се подобрија по пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер и Норежанецот сега се обидува да ја спаси сезоната со обезбедување топ четири пласман.

Се очекува летоска клубот од Олд Трафорд да инвестира огромна сума на пари за да се намали разликата со ривалите и изминатиов период „ѓаволите“ се поврзуваа со голем број на играчи.

Во последно време прилично актуелно е името на Џејдон Санчо, тинејџерот кој блеска во Борусија Дортмунд. Рио Фердинанд изјави дека без двоумење би го донел Анличанецот (кој се проценува на 100 милиони фунти) во Манчестер јунајтед, сторија која беше ре-твитната од самиот Џејдон Санчо, па фановите се возбудија.

Денеска исто така се појавија и стории за трансфер на Хари Мегвајер од Лестер за 65 милиони фунти, па Мирор состави како би можел да изгледа тимот од соништата за следната сезона. Во почетните 11 покрај Санчо и Мегвајер има уште две големи имиња, Филипе Кутињо од Барселона и Калиду Кулибали од Наполи.