24фудбал

„Кога Гвардиола сака играч од 100 милиони евра, Шеикот само ќе го сврти вентилот за некој милиметар“

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес на интересен начин се обиде да долови како функционира Манчестер Сити, клуб кој е во сопственост на Шеикот Мансур, член на кралското семејство од Абу Даби.

Останато

Манчестер Сити и ПСЖ им се трн во око на гигантите ширум Европа. Зад двата клуба стојат богати држави и петро доларите кои им овозможуваат без проблем да стигнат до играчите кои ги посакуваат.

За да се заузди неконтролираното трошење, УЕФА воведе Финансиски фер плеј, кој очегледно Шеиците најдоа начин како да го заобиколат, па европската куќа на фудбалот размислува за воведување на дополнителни правила со кој ќе се ограничи можноста богатите сопственици да вбризгуваат стотици милиони евра во клубовите.

И додека се чека решение за клубовите да бидат самоодржливи бизниси, претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес на интересен начин се обиде да долови како функционира Манчестер Сити.

„Мојот пријател Пеп ми кажа што се случува кога сака да ангажира играч кој чини 100 милиони евра. Подготвува видео материјали и досие за Шеикот да ги види. Потоа седнуваат, имаат луксузен ручек, Пеп ги покажува снимките и Шеикот ги префрла средствата (потребни за реализација на трансферот) Следниот ден, Шеикот ќе го сврти за некој милиметар вентилот, ќе пушти малку повеќе гас и парите ќе му се вратат“ – вели Хенс.