24фудбал

Хасани поради повреда нема да игра против Словенија

Ферхан Хасани поради повреда заработена на вчерашниот меч против Летонија нема да може да игра на дуелот во недела со Словенија.

Македонија

Македонија ја победи Летонија и прокнижи три стартни бода во квалификациите за ЕП 2020, на ред е гостувањето во Љубљана против селекцијата на Словенија.

За тој натпревар селекторот Ангеловски нема да може да смета на Хасани кој синоќа заработи повреда.

Фудбалерот од средниот ред има скинато мускулно влакно и поради тоа нема да биде во можност да настапи против Словенија.

Селекторот Ангеловски нема да повика друг фудбалер на местото од повредениот Хасани.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра во недела, на 24. март со почеток од 20:45 часот.