24фудбал

Англија ја наполни мрежата на Чешка, Португалија не и даде гол на Украина (ВИДЕО)

Англија со убедливи 5-0 ја растури Чешка, Португалија одигра само 0-0 против Украина, Франција со 4-1 ја совлада Молдавија.

ЕВРО 2020

Англија немаше милост кон чешка на стартот од квалификациите за Европското првенство 2020, победија со 5-0, а во главната улога беше Рахим Стерлинг.

Стерлинг постигна хет-трик, еднаш реализираше Хари Кејн кој погоди од пенал, последниот гол Чесите сами си го дадоа, Калаш ја погоди сопствената мрежа.

Португалија со Кристијано Роналдо не успеа да ја победи Украина во Лисабон, натпреварот заврши 0-0.

Проблем немаше Франција која со 4-1 славеше во Молдавија, по еден гол дадоа Гризман, Варан, Жиру и Мбапе.

Турција со 2-0 славеше на гостувањето кај Албанија, Јилмаз и Чалханоглу беа стрелци на головите.

Со 2-0 победи и Исланд во Андора, а изненадување направи Луксембург кој со 2-1 беше подобар од Литванија.