24фудбал

Барса ќе издвои 50 милиони евра за Јовиќ?

Бенфика сигурно жали за опцијата која му ја овозможи на Ајнтрахт Франкфурт во договорот за позајмицата на Лука Јовиќ, Бундеслигашот опцијата може да ја искористи на лето, а потоа сигурно ќе ја наполни својата клупска каса по продажбата на Србинот.

Шпанија

Барселона е подготвена да издвои 50 милиони евра за да го добие потписот на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ ова лето, според информациите кои ги објави Гардијан.

Трио претставници на каталонскиот клуб, Ерик Абидал, Пеп Сегура и Рамон Планес биле во Милано ланската седмица за да во живо го проследат нападот на српскиот напаѓач против Интер во осминафиналето од Лига Европа, каде Бундеслигашот обезбеди место во четвртфиналето.

Минатиот месец Марка пренесе информација на Франкфуртер Алгемејне дека Каталонците и самиот фудбалер се блиску до договор, но, се уште нема никаков договор со германскиот клуб.

Дополнително, често на оваа тема информираа и Ел Мундо Депортиво и ЕСПН кои потврдија за интересот на Каталонците за Јовиќ кој сезонава постигна 15 погодоци на 18 натпревари во Бундеслигата, а досега погоди седум пати во Лига Европа.

21 годишниот Јовиќ се приклучи на Ајнтрахт Франкфурт во 2017. година на позајмица, неговата позајмица во Бундеслигашот истекува на лето, а тимот од Франкфурт има опција за само седум милиони евра да го откупи неговиот договор, опција што сигурно ќе ја искористи и добро ќе заработи на негова продажба.