24фудбал

Каква асистенција на Погба во голот на Гризман... (ВИДЕО)

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед имаше неверојатна асистенција во голот со кој Франција тргна на победа против Молдавија во европските квалификации.

Останато

Светскиот првак Франција славеше убедливо со 1-4 на гостувањето кај Молдавија во воведното коло од групата „Х“ во квалификациите за Европското првенство 2020.

Сите четворица стрелци на Триколорите во победата беа различни, Гризман, Варан, Жиру и Мбапе постигнаа по еден гол а посебно се издвои голот за почетно водство, дело на Гризман.

Гризман и Погба добро се „прочитаа“ во таа акција, каде за пофалба е асистенцијата на Погба, но секако и реализацијата на Гризман на крајот...