24фудбал

Санчо им продаде бразилска финта на Чесите, навивачите на Јунајтед побараа од Ед Вудворд веднаш да го купи (ВИДЕО)

Џејдон Санчо продолжува да импресионира, тинејџерот синоќа за прв пат беше стартер во дресот на Англија на официјален натпревар и воодушеви со неколку убави потези.

Англија

Фудбалерот на Борусија Дортмунд има одлична сезона и се говори за негово враќање во Премиерлигата, но сега во црвената половина на Манчестер.

На три дена пред својот 19-ти родеден, Џејдон Санчо за прв пат беше стартер во дресот на Англија на официјален натпревар и тинејџерот воодушеви со неколку убави потези на Вембли.

Тој на Чесите им продаде бразилска финта и успеа на двајца противници да им ја протне топката низ нозе во рок од неколку секунди.

Фановите на Манчестер јунајтед побрзаа да го пофалат играчот и да побараат од Ед Вудворд да го купи Англичанецот. 

Се говори дека „ѓаволите“ веќе стапиле во контакт со агентите на Џејдон Санчо за да постават темел за реализирање на зделка но задачата нема да биде лесна. Борусија Дортмунд не сака да се раздели со својата млада ѕвезда а во наддавањето може да се вклучи и ПСЖ. Шпекулациите велат дека тинејџерот би можел да чини и до 100 милиони фунти.