24фудбал

Албанија му врачи отказ на Панучи

Кристијан Панучи доби отказ од Албанија по вчерашниот пораз од Турција на стартот од квалификациите за Европското првенство.

ЕВРО 2020

Албанија имаше лош старт на квалификациите откако на свој терен загубија од Турција со 2-0.

Фудбалската федерација на Албанија веднаш реагираше и му врачи отказ на италијанскиот стратег, Кристијан Панучи.

На натпреварот со Албанија селекцијата ќе ја водат Ервин Булку и Сулејман Мема.

Панучи на кормилото на Албанија дојде летото 2017 година, имаше четири победи, две нерешени средби и дури девет порази.