24фудбал

Дешам ќе го наследи Алегри на клупата на Јуве?

Дешам е под договор со француската фудбалска репрезентација до идната година, но, извесно е дека токму тој е прв избор за налседник на Алегри на клупата на италијанскиот шампион.

Италија

Масимилијано Алегри веќе одлучил да си замине од клупата на Јувентус на лето, а тој наводно ќе биде заменет со Дидје Дешам, пишуваат дел од медиумите во Италија по изјавата на Пјерпаоло Марино, поранешниот спортски директор на Аталанта, Наполи и Удинезе.

Алегри нема да остане во Јувентус, но негова ќе биде одлуката да си замине“ рече Марино.

Тие веќе го имаат Дешам за прв избор на тренер кој ќе биде неговиот наследник на таа позиција“ додаде тој во изјавата за Тутоспорт.

Доколку се остварат овие најави, тоа би било враќање на Французинот во Торино, кој претходно ја предводеше Старата дама во пост калчополи периодот во 2006/07 во Серија Б.

Од тогаш па наваму, Дешам го предводеше Олимпик Марсеј, а од 2012. година е на селекторската позиција на Франција, селекција со која го освои последното Светско првенство во 2018. година.