24фудбал

Словенечки Сиол: Македонскиот Лука Дончиќ доаѓа во Љубљана (ФОТО)

Словенците знаат од каде доаѓа најголемата опасност кон нивниот гол, тамошните медиуми веќе на големо пишуваат за нашиот фудбалски бисер кого го споредија со големината на кошаркарската ѕвезда од НБА лигата.

Македонија

Викендов продолжуваат натпреварите од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020. година, по победата над Летонија со 3-1 на домашен терен на стартот, Македонија утревечер гостува кај Словенија во Љубљана.

Словенците во првото коло ремизираа на гости кај Израел со 1-1, тоа беше нивно четврто реми во низа во сите конкуренции, а дел од тамошните медиуми најавувајќи ја утрешната пресметка го издвоија Елиф Елмас како најголема опасност кон голот на Словенија.

Македонскиот Зинедин Зидан. Така велат за технички фантастичниот фудбалер од средниот ред. Кога ќе проследите што виде Славиша Стојановиќ (селекторот на Летонија) во четвртокот вечерта, кој поради тој тинејџер, почна со пораз во овие квалификации на клупата на Летонија, јасно е дека нема да ни биде лесно воопштопишува словенечки Сиол.


На насловната на сајтот на Сиол во однос на оваа вест стои „Македонскиот Лука Дончиќ доаѓа во Љубљана“, алудирајќи на словенечката кошаркарска ѕвезда од НБА лигата, а истиот медиум го пренесе и неверојатниот гол на 19 годишниот Македонец, еден од неговите два во победата против Летонија во Скопје, гол што беше вистинско ремек дело...