24фудбал

Кутињо добил „корпа“ од Манчестер јунајтед

Се погласни се шпекулациите дека Барселона на лето ќе го продаде својот офанзивец кој никако да се адаптира во тој состав по трансферот од Ливерпул, Бразилецот веќе добил една корпа, и тоа од Премиерлигата.

Англија

Филипе Кутињо минува низ тежок период во Барселона, Бразилецот не успеа да се избори за првотимски статус во редовите на Каталонците, а веќе подолг период неговата форма значително опаѓа.

Од неговиот трансфер во Барселона од Ливерпул, Кутињо не го прокажа тоа што го знае и умее на терените во дресот на Каталонците, кои сега се шпекулира дека на лето би можеле и да го продадат.

Како што пренесе Спорт, се вели дека агентите на фудбалерот веќе го понудиле својот клиент на Манчестер јунајтед пред неколку седмици, но, од таму добиле негативен одговор, па останува нејасно каква ќе биде иднината на Кутињо во Барселона, клуб со кој има важечки договор до 2023. година.