24фудбал

Ова не поминува кај Ставрев: Мбапе се обиде да симулира пенал, доби жолт картон (ВИДЕО)

Ставрев помогнат од Кировски, Костадинов и Мечкаровски, немаше многу работа на мечот во Молдавија, а македонскиот арбитар не му прости на ѕвездата на ПСЖ поради обидот да симулира пенал за Франција.

Останато

Светскиот првак Франција ја оправда фаворитската улога во дуелот со Молдавија и славеше со 1-4 на гостувањето кај тој противник во воведното коло од групата „Х“ од квалификациите за ЕП 2020.

Гризман, Варан, Жиру и Мбапе беа стрелци на погодоците за Триколорите, а очигледно на младата ѕвезда од ПСЖ, Килијан Мбапе не му беше доволно еден погодок, па посакуваше уште еден во судиското продолжение.

И покрај тоа што Франција имаше високо водство од 1-4, Мбапе се обиде да симулира во казнениот простор на домаќините, но, тоа мина целосно забележано од македонскиот арбитар Александар Ставрев кој ја делеше правдата на синоќешната пресметка во Молдавија.

Иако веднаш штом стана од тревникот, Мбапе се обиде да се оправда за неспортскиот гест, Ставрев без двоумење му додели жолт картон на еден од најталентираните фудбалери во светот.

Ставрев беше близу таа ситуација и имаше убав преглед на истата, а секако дека нема никакви дилеми околу неговата одлука да му додели жолт картон на Мбапе, за што потврдуваат и снимките.