24фудбал

Ангеловски: Очекувам неизвесен меч на кој силите ќе ги одмерат две добри репрезентации

Нашите фудбалери одлично го стартуваа новиот квалификациски циклу, а утревечер следи голем тест на гостувањето во Љубљана каде ќе ги одмерат силите со Словенија која тргна со реми на гостувањето кај Израел.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација утревечер ги продолжува квалификациите за ЕП 2020, по победата на стартот над Летонија со 3-1 во Скопје, избраниците на Игор Ангеловски следниот голем тест го имаат на гостувањето во Љубљана против Словенија.

На денешната пресконференција во пресрет на утревечерниот дуел (20,45), селекторот на нашиот состав вели дека фудбалерите ќе влезат подготвени и одморени во дуелот со Словенија, додаде дека веќе го знае составот со кој ќе го почне мечот, но, не откри детали околу тоа.

Во Љубљана стигнавме со многу добра атмосфера откако одигравме одличен натпревар со Летонија. Утре не очекува нов натпревар, имавме време да се одмориме и подготвени влегуваме во дуелот со Словенија. Го знам тимот што ќе истрча утре, но нормално нема да го кажам сега, затоа што тоа најпрво ќе им го соопштам на играчите“ рече Ангеловски додавајќи дека очекува неизвесен меч во кој силите ќе ги одмерат две добри репрезентации.

Наша интенција е да влегуваме во овој меч со истиот пристап како во изминатите три години. Од тоа што сме анализирале Словенија има добар среден ред и напад, а и опасни контра-напади. Но ние ќе излеземе на терен да си ја играме нашата игра. Се среќаваат две добри репрезентации и очекувам натпреварот да биде неизвесен. Имаме позитивна атмосфера и очекувам тоа да го матријализираме утре на терен“ заклучи Ангеловски.