24фудбал

Росонери, не пропуштајте: Првиот гол на Пакета за Бразил (ВИДЕО)

Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Милан и голема надеж на бразилскиот фудбал уште на третиот меч во дресот на Кариоките веќе го постигна првиот гол за својата репрезентација.

Останато

Бразил киксираше на контролката со Панама, на арената во Порто, Естадио До Драгао, силите ги одмерија третата светска фудбалска сила и онаа која се наоѓа дури на 76. позиција на ФИФА ранг листата.

Кариоките иако тргнаа со водство на контролката по голот на Пакета во 32. минута, истото траеше само четири минути, откако славјето на Кариоките го одложи Мачадо, а токму во тој период беше поставен конечниот исход на таа пресметка.

Киксирал Бразил или не, веројатно тоа за навивачите на Милан е помалку битно, тоа што е за нив многу поважно е првиот гол на нивниот фудбалер, 21 годишниот фудбалер од средниот ред, Лукас Пакета кој од оваа сезона игра во дресот на Росонерите.

Пакета на третиот меч за Кариоките успеа да го постигне првиот гол за таа репрезентација, а во дресот на Милан досега одигра девет натпревари на кои постигна и еден гол.