24фудбал

Манчестер Сити е сериозен за Шкринијар, Интер добро ќе ја наполни клупската каса

Интер има добра позиција во однос на големиот интерес кој пристигнува за дефанзивецот чиј договор со тимот од Милано има важност до 2022. година, а понудата која Сити е подготвен да ја издвои, сигурно ќе ги стави во размислување Нероаѕурите.

Италија

Ѕвездата на Интер, Милан Шкринијар е сигурно еден од најпосакуваните дефанзивци во светот на фудбалот, покрај оној на Наполи, Калиду Кулибали.

Подолг период се шпекулираше дека за услугите на Словакот сериозен интерес има од Манчестер јунајтед, но тимот од Олд Трафорд сега има голема конкуренција во Манчестер Сити, АС извести дека англискиот првак е подготвен да издвои 100 милиони евра за да го добие потписот на 24 годишниот дефанзивец на лето.

Манчестер јунајтед силно се обидуваше да го доведе Шкринијар во своите редови минатото лето, а Интер се шпекулираше дека ја одбиваше секоја понуда која пристигнуваше, сепак, понудата за која е подготвен Сити да ја испрати до Милано, се чини дека целосно ќе ги промени работите.