24фудбал

Варан: Лага е дека не сум среќен во Реал Мадрид

Варан погоди на стартот од европските квалификации за светскиот првак, меѓутоа по одличниот настап тој мораше да одговара на прашања поврзани со неговата иднина, каде јасно стави дознаење дека е фокусиран на Реал Мадрид.

Шпанија

Рафаел Варан ги отфрли шпекулациите дека не е среќен во Реал Мадрид, а воедно и демантираше потенцијален трансфер во Манчестер јунајтед.

Светскиот првак Франција тргна со победа кај Молдавија со 1-4 на стартот од квалификациите за ЕП 2020, а дефанзивецот по тој меч беше запрашан и за неговиот статус во Реал Мадрид, самиот тој демантираше дека не е среќен во клубот.

Не е точно тоа дека не сум среќен во Реал Мадрид. Јас во моментов сум член на тој клуб, најголемиот во светот. Постојано се предизвикувам себе си бидејќи барањата во тој клуб а воедно и работата се на едно високо ниво, фокусиран сум максимално на мојата кариера“ рече Варан.

Минуваме низ навистина тежок период во средината од сезоната каде едноставно мораме да дадеме сеод себе и да се бориме. Го давам максимумот од себе во тој дрес и можам да бидам горд на тоа. Едноставно не можам да контролирам сешто ќе пишуваат медиумите, имаме тешка сезона, проблемот е кога сте тивка особа а слушате разни работи за вас, на кои зборувате многу малку, јас сум дискретна особа“ додаде Францизинот.

Извесно е дека враќањето на Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот гигант ќе промени многу, се вели дека Кралевите на лето ќе променат многу во својот состав, но Варан ќе остане, и тоа на желба на неговиот сонародник Зидан кој силно посакува соработката да продолжи помеѓу двајцата, за што извести Марка.