24фудбал

Шпанија се намачи со Норвешка, Италија сигурна против Финска (ВИДЕО)

Денеска се одиграа нова рунда натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2020. година, фаворитите ги освоија планираните и посакувани три бода.

Останато

Шпанија едвај дојде до победа над Норвешка пред своја публика, откако славеше со 2-1 на крајот, а Норвежаните пружија максимален отпор да дојдат барем до бод од мечот кој се одигра на Местаља во Валенсија.

Родриго погоди за водство на Шпанија уште во 16. минута, а со тој резултат домаќинот замина на паузата по првите 45 минути игра.

Во второто полувреме Кинг погоди во 65. минута за 1-1 од пенал, а од белата точка беше успешен и Рамос кој во 71. минута ги постави конечните 2-1 во корист на Шпанија на пресметката.




Од останатите натпревари ја бележиме и победата на подновената Италија против Финска на домашен терен со 2-0.

Бареља уште во 7. минута погоди за 1-0, а младиот Кин ја потврди победата на Аѕурите откако во 74. минута ги постави конечните 2-0 од мечот во Удине во корист на фаворитот.


 

Резултати:

Грузија -  Швајцарија 0:2

Гибралтар – Ирска 0:1

Малта – Фарски Острови 2:1

Шведска – Романија 2:1

Босна и Херцеговина – Ерменија 2:0

Италија – Финска 2:0

Лихтенштајн – Грција 0:2

Шпанија – Норвешка 2:1