24фудбал

Летонија ја испоти Полска, но не успеа да ја изненади (ВИДЕО)

По две одиграни кола Полска има максимални шест бода откако денеска ја совлада Летонија со 2-0, но до победата не дојде со леснотијата со која се очекуваше, Австрија загуби кај Израел.

ЕВРО 2020

Полска е главниот фаворит во нашата група и се очекуваше да слават лесна победа над Летонија, но отпорот на гостите беше скршен дури во 76. минута со гол на Левандовски.

На пет минути пред крајот дефанзивецот Глик ги постави конечните 2-0.

Поинтересно беше на мечот меѓу Израел и Австрија кој заврши со победа на домаќините од 4-2.

Арнаутовиќ донесе водство на Австрија уште во осмата минута од натпреварот, но потоа следуваше хет-трик на Захави со кој донесе водство на Израел од 3-1.

Дабур во 66. минута зголеми на 4-1, на 15 минути до крајо Арнаутовиќ со својот втор гол ги постави конечните 4-2.

По две одиграни кола Полска е прва со шест бода, пред Израел и Македонија со по четири, Словенија има освоено два, а без бодови се Австрија и Летонија.