24фудбал

Холандија се врати од два гола негатива па наивно прими гол во 90. минута, Германија слави во Амстердам (ВИДЕО)

Германија го доби дербито во Групата Ц, „панцерите“ со погодок во последните мигови од мечот стигнаа до триумф од 2-3 на гостувањето кај Холандија.

ЕВРО 2020

Возбудлив меч во Амстердам, Холандија се врати од два гола негатива но нaивно прими гол во 90. минута и остана со празни раце.

Германија беше подобар противник во првиот дел и со погодоците на Сане во 15. минута и на Гнабри во 34. минута, на пауза замина со позитива од 0-2.

Сепак, „лалињата“ на стартот од вториот дел реализираа преку Де Лихт за 1-2, а потоа следуваше нов гол за домаќините, Депај во 63. минута изедначи на 2-2.

Но „панцерите“ беа тие кои се радуваа на крајот. Во последните мигови од мечот, една лоша офсајд стапица го исфрли Ројс во фор, а потоа целата одбрана на Холандија заборави на Шулц кој остана осамен на 11 метри и прецизно биеше крај деснатата статива за 2-3.