24фудбал

Ангеловски: Не постои сила која може ова да го сруши!

Македонија синоќа одигра 1-1 на гостувањето кај Словенија, македонските фудбалери одиграа уште еден одличен меч и немаше да биде незаслужено доколку го собравме и целиот плен од Љубљана.

Македонија

Македонската репрезентација имаше уште еден одличен настап, одигравме реми со Словенија и по првите две кола имаме четири бода.

Утринава селекторот Ангеловски на својот фејсбук профил излезе со моќна порака: Не постои сила што ова може да го сруши! Дечки во благодарам за секој поминат момент со вас. Благодарност до нашите браќа во Љубљана. Македонија, фамилија!