24фудбал

Навивач на Зимбабве загина во стампедо пред стадионот

Фудбалската федерација на Замбија потврди дека еден навивач го загубил животот во стампедо кое се случило пред стадионот во пресрет на мечот против Конго.

Останато

Според локалните медиуми, Маи Тадива загинал во стампедо предизвикано од нетрпеливите навивачи кои се обидувале насилно да влезат во стадионот.

Фудбалската федерација на Зимбабве го потврди инцидентот и изрази сочуство до фамилијата на загинатиот навивач.

Ова не е прв ваков проблем во Африка, за големите натпревари многу често во продажба се пуштаат и фалсификат влезници па на стадионот се обидуваат да влезат многу повеќе луѓе отколку што е капацитетот и често доаѓа до инциденти.

Што се однесува до натпреварот, Зимбабве го победи Конго со 2-0 и обезбеди пласман на првенството во Египет кое ќе се игра во јуни и јули.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.