24фудбал

Мурињо предвидува финале Барса-Јувентус, „специјалниот“ објасни која е предноста на овие два клуба

Жозе Мурињо очекува Барселона и Јувентус да играат во финалето од Лигата на шампионите, смета дека овие два клуба имаат искуство, талент и специјален играч во своите редови.

Лига на Шампиони

Ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите оваа сезона имаше еден новитет, УЕФА реши да направи измена и покрај извлечените парови, го одреди и патот до завршницата.

Па Жозе Мурињо даде свое предвидување за финалето и вели дека во Мадрид ќе има дуел на Барселона и Јувентус. Португалецот смета дека овие два тима се одвојуваат од другите поради искуството и талентот, но и поради тоа што во своите редови имаат специјален играч од типот на Кристијано Роналдо и Лео Меси.

„Јувентус и Барселона се два големи кандидати во Лигата на шампионите и ќе стигнат до финалето. Луѓето зборуваат за Роналдо и Меси, но јас преферирам да зборувам за Јувентус и Барселона. Светот повеќе се фокусира на индивидуалци, но јас секогаш ќе бидам тренер и фудбалот за мене останува тимски спорт“ – вели Жозе Мурињо за Франс Прес.

„Клубовите од Англија, Ајакс и Порто се навистина добри, но „бјанконерите“ и „каталонците“ имаат искуство, талент и специјален играч во свите редови. Нормално, тимовите кои имаат специјален играч во своите редови, обично се најдобри“.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.