24фудбал

Франс Фудбал: Зидан ја активира „операцијата Мбапе“, еве ги деталите од понудата (ФОТО)

Реномираниот весник Франс Фудбал ги смести Зинедин Зидан и Килијан Мбапе на својата насловна страна и најави дека во следните недели Реал Мадрид ќе понуди 280 милиони евра за тинејџерот.

Шпанија

„Кралевите“ имаа катастрофална сезона па се очекува летоска да биде направена реконструкција на тимот. Според пишувањата на Франс Фудбал, Реал Мадрид планира да донесе две до три ѕвезди од средниот ред и нападот за почеток на нов циклус.

Зинедин Зидан веќе ја одбрал целта број 1 и се работи за неговиот сонародник Килијан Мбапе. Весникот додава дека Флорентино Перез ќе се обиде да ја исполни желбата на Зизу и во следните недели ќе достави рекордна понуда од 280 милиони евра.