24фудбал

Таткото на Нејмар ги прокоментира гласините за заминување од ПСЖ: Има уште три години од договорот, преговараме за нов

Нејмар сениор се огласи по гласините за заминување на напаѓачот од Париз, вели дека неговиот син има уште три години од договорот и веќе се преговара за продолжување на соработката.

Франција

Само неколку месеци по рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ почнаа да кружат гласини дека тој не е среќен во Париз. Се шпекулираше за негово можно враќање во Барселона, за тоа да го наследи Кристијано Роналдо во Реал Мадрид или да направи трансфер на „островото“ каде Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се подготвени да го пречекаат со раширени раце.

Во долго интерју со УОЛ Еспорте, таткото на Нејмар ги прокоментира шпекулациите, порача дека неговиот син има уште три години од договорот и веќе се преговара за продолжување на соработката.

„Луѓето велат дека постојано се шпекулира за Нејмар и негов трансфер во голем клуб. Тоа значи дека луѓето кои се грижат за неговата кариера добро си ја вршат работата, секогаш е на радарот на клубовите кои се важни... Но тоа не значи дека ќе заврши во овој или оној клуб. За него кружат шпекулации уште кога имаше 17 години. Има направено само два трансфери во животот, а десет години се појавуваат гласини. Голема е веројатноста дека нема да замине. Ја одработува втората година од договорот, има уште три и веќе преговораме со ПСЖ за продолжување на соработката“ – вели таткото на Нејмар.

„Среќни сме со кариерата на Нејмар до овој момент. Во иднина, други играчи ќе бидат споредувани со него. Како што Пеле инспираше генерации фудбалери како Зико, Ромарио, Роналдињо, Роналдо... Нејмар ќе инспирира други фудбалери“.

„Мојата работа како негов агент е да планирам. Нејмар немаше време да учи за да биде доктор, адвокат или новинар. Тој е фудбалер. Наша задача е да направиме план за неговата кариера за кога ќе престане да игра фудбал да може да живее спокојно“.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.