24фудбал

Елиф Елмас одбил трансфер на „островото“, по двата гола за Македонија ќе добие поголемо внимание во Фенер

Медиумите од Турција пренесуваат дека Елиф Елмас имал можност за трансфер на „островото“, но Македонецот ја одбил понудата од Кардиф.

Македонија

Името на Елиф Елмас често е во трансфер гласините на медиумите од Турција, последните информации велат дека тој имал прилика да се пресели во Премиерлигата.

Во минатото неговото име се поврзуваше со клубови како Лестер, Тотнем и Манчестер Сити, но конкретна понуда пристигнала од Кардиф. Сепак, Македонецот го одбил овој предлог.

Фенер се мачи во првенството оваа сезона, а и Елиф Елмас не успева да го прикаже најдоброто од себе. Но тоа може да се промени во следните месеци.

Популарниот „дијамант“ блесна за Македонија против Летонија и постигна два гола во квалификациите за Европското првенство. Оваа извонредна партија му се допаднала на тренерот Ерсун Јанал кој ќе му обрне посебно внимание на фудбалерот по неговото враќање во Истанбул, и ќе се обиде да изнајде решение со кое Елиф Елмас ќе почне да игра на виско ниво и за Фенербахче.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.