24фудбал

И покрај тоа што Мурињо си замина, Погба нема да остане долго на Олд Трафорд

Французинот се чини дека нема дилеми околу тоа дека неговата иднина не е во редовите на Премиерлигашот, неговата изјава за Реал Мадрид само дополнително ги зголеми шпекулациите за тоа дека на лето ќе си замине од Олд Трафорд.

Англија

Францускиот репрезентативец, според неофицијалните информации кои ги пренесуваат одредени медиуми, се вели дека сака да си замине од редовите на Манчестер јунајтед на лето, а тој наводно ја преферира опцијата Реал Мадрид.

АС пишува дека и покрај заминувањето на Жозе Мурињо од клупата на Премиерлигашот, со кого имаше големи несогласувања, Погба, а воедно и неговиот агент Мино Рајола се уште се во потрага по идеален трансфер.

Во декември минатата година Мурињо доби отказ, а Погба игра во фантастична форма под водство на новиот тренер Оле Гунар Солскјер, а неговата изјава дека Реал Мадрид е сон на секој фудбалер, во текот на интернационалната пауза, само ги зголеми шпекулациите околу неговата иднина.

Како и да е, доколку постои заинтересиран клуб за услугите на Погба, тој ќе треба да издвои голема сума за обештетување на Манчестер јунајтед, клуб кој има договор со Французинот со важност до 2021. година.

Премиерлигашот е во поволна позиција, а секако дека ќе сака и да направи профит од инвестицијата во Погба пред три години во висина од 89 милиони фунти.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.