24фудбал

Дел Пјеро нема дилеми за тоа кој ќе ја освои титулата во ЛШ сезонава

Легендарниот Италијанец посочи дека фантастичниот меч на Јувентус против Атлетико Мадрид во реваншот, особено изданието на Роналдо, воопшто не било изненадување, тоа е нешто за очекување, за луѓе кои добро го познаваат тој клуб.

Лига на Шампиони

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро верува дека неговиот поранешен клуб може да ја освои овосезонската Лига на шампиони, особено што во својот состав го има Кристијано Роналдо, кој според него е вистински шампион.

Дел Пјеро вели дека планот на Старата дама се одвива перфектно, по хет-трикот на Роналдо против Атлетико Мадрид и пласманот во четвртфиналето од европското клупско натпреварување.

Да бидам искрен, победата на Јувентус во реванш мечот со Атлетико Мадрид не беше некое големо изненадување за луѓето како мене кој добро го познаваат овој клуб долг период. За оние од нас кои добро го знаат клубот, менталитетот и фудбалерите, тоа беше нешто сосема очекување, не беше лесно, но одиграа одличен меч“ рече Дел Пјеро.

Хет-трикот на Роналдо е токму тоа што на јувентус му е потребно, токму поради тоа Јувентус го доведе во тимот, тој е шампион кој веќе ја има освоено оваа титула и знае како да ги одигра ваквите тешки натпревари, со добар фудбал и тресејќи ги мрежите од противничките голови. Тој е фокусиран на целта, Јувентус го купи токму за ова и планот засега функционира перфектно“ додаде легендарниот Италијанец.

Во четвртфиналето од Лигата на шампионите, италијанскиот првак ќе ги одмери силите со доста незгодниот Ајакс кој го елиминираше бранителот на европскиот трофеј, Реал Мадрид.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.