24фудбал

Сам свој доктор, Роналдо откри колку ќе паузира по повредата против Србија

Кристијано Роналдо вели дека си го знае телото и знае колку ќе му треба за да се врати на теренот по повредата против Србија.

ЕВРО 2020

Кристијано Роналдо ги загрижи фановите на Јувентус откако заработи повреда на бутниот мускул на дуелот со Србија и по половина час го напушти натпреварот.

Брзо по мечот Роналдо излезе со изјава за повредата, на Португалецот не му требаат детални прегледи, тој знае за оваа повреда колку ќе треба да паузира.

„Не сум загрижен. Си го знам телото. Се случува, фудбал е, луѓето кои одат по дожд се наводенуваат. Смирен сум бидејќи знам дека ќе се вратам за недела или две“, изјави Роналдо.

Одговорот на Роналдо ќе ги смири загрижените фанови на Јувентус, тој веројатно ќе биде подготвен за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.