24фудбал

Мбапе постави рекорд и воодушеви со прекрасна асистенција со пета по која Гризман почна да свири на гитара (ВИДЕО)

Килијан Мбапе треба да биде следната голема фудбалска ѕвезда, младиот Французин продолжува да блеска и вечерва имаше нова одлична партија против Исланд.

ЕВРО 2020

20 годишниот напаѓач на ПСЖ се најавува како новиот „галактико“. Се говори дека е желба број 1 на Зинедин Зидан и наводно Реал е подготвен да одвои рекордни 280 милиони евра, сторија која подоцна беше демантирана од страна на „кралевите“.

Но доколку Флорентино Перез реши да тргне по Килијан Мбапе, сигурно нема да погреши. Фудбалерот вечерва против Исланд имаше нова одлична партија, забележа две асистенции и постигна погодок. Тој испиша и рекорд откако стана најмладиот играч со 30 настапи во дресот на „Триколорите“ и го собори претходното постигнување на Карим Бензема.

За одбележување е неговиот потег при последниот гол, генијално му асистираше на Гризман со пета, а фудбалерот на Атлетико Мадрид мајсторски реализираше за 0-4 и почна да свири на гитара при прославата.