24фудбал

Смешно е црномурести фудбалери да ја презентираат Русија, рече Погребњак и доби казна поради изјавата

Ветеранот потоа додаде дека немал ништо против црномурестите фудбалери, поентата му била дека во националниот тим на Зборнаја сакал да гледа фудбалери кои се родиле а воедно и израснале во Русија.

Останато

Павел Погребњак е казнет со 3,800 долари поради неговите коментари со расистичка навреда откако изјави дека е смешно да се има црномурести фудбалери во репрезентацијата на Русија.

35 годишниот ветеран кој моментално игра за Урал истовремено доби и еден вид предупредување од Руската Фудбалска Федерација, која вели дека во случај Погребњак да направи уште еден дискриминаторски гест, ќе се здобие со суспензија до крајот на сезоната.

Русинот најави дека нема да поднесе жалба на таа казна, а воедно и јавно се извини поради неговиот гест.

Коментарите на Погребњак беа во интервјуто за весникот Комсомолскаја Правда минатата седмица, а се однесуваа на темата која беше доста развиена во Русија, во однос на тоа што црномурести фудбалери добиваат руски пасош а со тоа им се отвора можност да настапуваат за Зборнаја, бразилскиот напаѓач Арицленес да Силва Фереира (Ари), кој игра за Краснодар, кој веќе запиша два настапи во дресот на Русија.

Не гледам логика во сево ова, не разбирам зошто Ари доби руски пасош, смешно е црномурести фудбалери да го презентираат националниот тим на Русија“ беше коментарот на Погребњак, кој потоа рече дека немал ништо против црномурестите фудбалери, додавајќи дека во националниот дрес на Русија сакал да гледа само фудбалери кои биле родени а воедно и израснале во таа земја.


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.