24фудбал

Де Лихт не е класа од вчера, го постигна овој гол на 14 години... (ВИДЕО)

Доста храбра, умешна и пред се’ трпелива беше реакцијата на тогаш 14 годишниот холандски талент за кого моментално се „тепаат“ речиси сите европски гиганти, а Ајакс сигурно трие раце очекувајќи ново полнење на клупската каса.

Останато

Френки де Јонг на лето ќе премине во редовите на Барселона, Ајакс добива фантастични 75 милиони евра за тој фудбалер, а на повидок е нов голем трансфер од екипата од Амстердам која сигурно ќе трие раце и од Матијс де Лихт.

19 годишниот дефанзивец се поврзува со повеќе европски гиганти, а веројатно фаворит за неговиот потпис и во овој случај е Барселона, еден негов гол постигнат на 14 годишна возраст, поточно пред пет години доволно говори за каков талент станува збор, талент кој се развиваше и сега е време за едно ниво и скалило погоре, а сигурно преселба на Камп Ноу би значело токму тоа...

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.