24фудбал

Таткото на Моисе Кин го потсети Јуве: Се уште ми должите два трактори

Со само 18 години и 265 денови, младата ѕвезда на Старата дама лани дебитираше во националниот дрес на Италија, веќе го постигна и дебитантскиот гол за Аѕурите, а неговиот татко се пожали дека Јувентус се уште не го исполнил ветувањето кон него, како за возврат Моисе да остане во Италија.

Италија

Таткото на напаѓачот на Јувентус, 19 годишниот Моисе Кин го потсети италијанскиот шампион дека се уште не го исполнил ветувањето дека ќе му додели два трактори, а се пожали и дека не добива билети за натпреварите од Серија А.

Кин е вистинска сензација во фудбалска Италија, својот развој го имаше во академијата на Јувентус а веќе го постигна и првиот гол во националниот дрес на Аѕурите.

Му благодарам на бога, ова е вистинско уживање за целото семејство“ рече Биору Жан Кин за Раи Радио 1 и притоа се потсети како неговиот син го бодрел Интер како дете.

Моисе беше голем навивач на Интер како дете, поради Обафеми Мартинс, играше и за Торино, но јас го испратив во Јувентус, бидејќи сум навивач на тој клуб, среќен сум поради него, дури и што имам проблем со Јувентус, тие не ми даваат повеќе билети за натпреварите, јас сум разделен со мајката на Моисе, таа во минатото сакаше да го пренесе него во Англија“ додаде Биору.

Тогаш му ветив на Јувентус дека ќе го задржам Моисе во Италија, но барав два трактори за возврат, тие рекоа дека нема да има никаков проблем, но, се уште не сум ги добил, сега дури не ми даваат ниту билети за натпреварите, а ниту одговараат на моите повици“ заклучи тој.

Родителите на Моисе се разделени кога тој и неговиот брат Џовани биле мали, а тие обајцата биле израснати од нивната мајка, па дел од медиумите во Италија го поставија прашањето за тоа колку Биру сега има контакт со веќе ѕвездата на Јувентус, односно неговиот син.


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.