24фудбал

У16: Младите надежи го освоија првото место на развојниот турнир на УЕФА во Скопје

Станковски е убеден дека репрезентацијата дополнително ќе се развива, а самиот резултат е доволна слика за настапот на младите надежи на турнирот кој се одржа во Скопје.

Македонија

Младата македонска фудбалска репрезентација за играчи до 16 годишна возраст предводена од Горан Станковски, го освои првото место на развојниот турнир на  УЕФА кој во организација на ФФМ се одржа во Скопје.

Нашите надежи минаа фуриозно во конкуренција на Грузија, Азербејџан и Саудиска Арабија, а воедно остварија максимален ефект од три победи, последната ја забележаа денеска во дуелот со Азербејџан, каде триумфираа со 2-1.

Дашмир Елези го отвори мечот на резултатски план уште во третата минута, а водството го дуплираше Рамис Беровиќ на две минути пред паузата на полувремето.

Селекторот Станковски по мечот истакна дека самиот резултат доволно говори за настапот на турнирот во Скопје, тој додаде дека неговите избраници покажале одговорност и дисциплина, заклучувајќи дека во следниот период дополнително тимот ќе напредува.

Претходно, избраниците на Станковски славеа над Саудиска Арабија со 2-0, односно против Грузија со идентичен резултат.


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.