24фудбал

Дебата во Барса по кој напаѓач да се тргне, на една страна е проверениот Гризман на друга две млади ѕвезди

Според пишувањата на Мундо Депортиво, „каталонците“ имаат листа со три желби кога е во прашање потрагата на нов напаѓач, на неа се Антоан Гризман, Лука Јовиќ и Маркус Рашфорд.

Шпанија

Луис Суарез има 32 години, па Барса полека размислува за иднината и бара наследник на Уругваецот. Лидерите на клубто прават темелна студија бидејќи одлуката која ќе ја донесат ќе биде од голема важност и нема простор за грешка.

Мундо Депортиво вели дека внатре во Барса се води голема дебата за тоа по кого да се тргне. Од една страна е проверениот Антона Гризман, кој е докажен голгетер и може да биде купен без да се преговара. Французинот има откупна клаузула од 120 милиони евра.

Од друга страна е младиот Лука Јовиќ кој има одлична сезона во Ајнтрахт и се најавува како селдната голема ѕвезда. Цената на Србинот е двојно помала од онаа на Антоан Гризман, но тој се уште не е докажен на највисокото ниво.


МД додава дека има и трета опција, во името на Маркус Рашфорд. Лидерите на „каталонците“ се прилично импресионирани од 21 годишниот фудбалер на Манчестер јунајтед. Тој е млад, одлично технички поткован и може да игра во шпицот на нападот но и по крилните позиции и да креира опаност благодарејќи на својот добар дриблинг и брзина.

„Ѓаволите“ тешко дека ќе се откажт од својата млада ѕвезда, но Барселона внимателно ја следи ситуацијата и веднаш ќе скокне доколку преговорите помеѓу двете страни за нов договор влезат во ќор сокак.

Маркус Рашфорд е обврзан кон Манчестер јунајтед до 2020 и иако подолго време се разговара за продолжување на соработката, се уште нема абер за нов договор.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.