24фудбал

У21: Со едно реми и два порази избраниците на Милевски се враќаат од Анталија купот во Турција

Милевски ќе има полни раце работа до септември кога стартуваат квалификациите за ЕП 2021 за фудбалери до 21 година, настапот на Анталија купот во Турција не ветува многу.

Македонија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 годишна возраст предводена од Благоја Милевски не се прослави многу на Анталија купот кој се одржа во Турција, а на кој, освен нашата селекција, учество земаа и соодветните селекции на Украина, Летонија и Естонија.

Токму со денешното реми против Естонија од 1-1 завршија настапите на нашите надежи на тој турнир, иако имаше можност за победа, нашата селекција не ја искористи укажаната прилика.

Македонија прва дојде до водство на мечот против Естонија со голот на Димитар Митровски во 26. минута, но Естонците преку Марко Лип во 44. минута израмнија на 1-1, и со тоа беше поставен конечниот исход на таа пресметка.

За издвојување е тоа што Давор Здравковски не успеа да погоди од белата точка во 83. минута, шанса за победа која за жал не беше искористена во таа прилика.

Македонија настапи во следниот почетен состав: Јанков, Шабовиќ, Антовски, Атанасов, Јованов, Личина, Митровски, Руфати, Тодоровски, Трапановски и Здравковски.


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.