24фудбал

Ристовски и Кек во прегратка: Ќе му бидам благодарен до крајот на мојот живот

Убави моменти од мечот помеѓу Словенија и Македонија кој заврши со поделба на бодовите (1-1), прегратката помеѓу словенечкиот селектор и македонскиот бек потсети на прекрасниот период во Ријека.

Македонија

Дуелот помеѓу Словенија и  Македонија во второто квалификациско коло за ЕП 2020 беше посебен за Матјаж Кек, селекторот на Словенците, како и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Обајцата минаа прекрасен период во Ријека во шампионската генерација на таа екипа откако го тргнаа од шампионскиот трон Динамо Загреб, барем за кратко во најсилниот фудбалски шампионат на Хрватска, а токму Ристовски беше алфа и омега во составот тогаш предводен од Кек.

Прегратката помеѓу Кек и Ристовски беше убава фотографија од мечот во Љубљана, сеќавање за убавиот период на обајцата минат во Ријека, како и подадената рака од Кек за Ристовски во периодот кога Македонецот се разви неколку нивоа погоре во својата кариера, по што следеше трансфер во Спортинг Лисабон вреден 1,15 милиони евра, а 27 годишниот Ристовски не заборави на Кек, за кого вели дека ќе му биде благодарен до крајот на неговиот живот.

Кек е најзаслужниот што јас се најдов во редовите на Спортинг Лисабон, под негово водство, јас израснав во таков фудбалер каков што сум денеска, се препородив како фудбалер, тој направи јас да бидам во можност сеод себе да давам на терените, затоа ќе му бидам благодарен до крајот на мојот живот рече македонскиот бек.


Кој знае, можеби еден ден повторно ќе соработуваме. Да се вратам во Ријека? Минав две години во тој клуб, сега сум среќен во Лисабон, се чувствувам одлично таму, во Ријека ќе ја завршам мојата кариера!“ посочи популарниот Рики кој секогаш е на располагање за националниот дрес на Македонија каде игра константно одлично.

 

Извор/Фото-вест: ekipa.svet24.si


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.