24фудбал

Ањели директен во пораката: Реал Мадрид, Баерн Минхен и Јувентус сакаат да играат во новото натпреварување

Европското здружение на клубови кое брои повеќе од 200 членови има максимална поддршка во своите редови за новиот формат на натпреварување за кое се уште се дискутира, Ањели не крие дека интензивно се работи на процесот, кој според него бара и долг период за реализација.

Останато

Претседателот на Европската клупска асоцијација (ЕЦА), Андреа Ањели, кој воедно e прв човек во Јувентус, потврди дека неколку европски гиганти сакаат да соработуваат со УЕФА во креирањето на ново европско клупско натпреварување.

Повеќе гиганти имаат нескриени намери за да направат некаков развој на сегашниот формат на Лигата на шампионите, а Ањели беше директен во својата порака која ја упати јавно.

„Ние сме на самиот почеток на процесот и ќе ни биде потребен поголем период за да ги анализираме сите предлози, не е во прашање за да или не“  рече Ањели.

Новата Лига на шампиони е само шпекулација изминатиов период, и ништо повеќе од тоа“ додаде тој, а не криеше и дел од имињата на клубовите кои сакаат да бидат дел од новото натпреварување.

Реал Мадрид, Баерн Минхен и Јувентус сакаат да играат во натпреварувањето, но исто и стотици други екипи“ подвлече тој, додавајќи дека процесот ќе биде отворен и транспарентен.

Ние разговараме и за неколку месеци ќе видиме дали новото натпреварување ќе биде отворено за секого, овој процес ќе биде отворен и транспарентен“ заклучи Ањели.

Ањели истовремено подвлече дека европските екипи не сакаат да партиципираат на клупското светско првенство кое почнувајќи од 2021. година ќе има формат кој веќе наиде на жестоки критики, а во меѓувреме, Барселона, преку својот претседател испрати јасно дознаење дека не сакаат да се натпреваруваат на европските турнири за време на викендите, идеја која беше изнесена, но извесно е дека категорично ќе биде отфрлена.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.