24фудбал

Од таму шутирај колку сакаш, аиииииии.... Грците го потценија Пјаниќ, па Босанецот ги „реши“ од 30 метри (ВИДЕО)

Репрезентативците на Грција во стилот на нашиот Игор Трпески и неговата позната реченица „ од таму шутирај колку сакаш“ вечерва потценувачки пристапија при еден слободен удар на Босна, но заборавија дека за противник го имаат големиот мајстор Миралем Пјаниќ.

ЕВРО 2020

Миралем Пјаниќ важи за еден од подобрите изведувачи на слободни удар, но Грците како да заборавија на тоа па вечерва на мечот против БиХ прилично потценувачки пристапија при еден прекин од 30 метри.

Во живиот ѕид стоеше само еден играч, а фудбалерот на Јувентус знаеше како да го искористи тоа. Во стилот на неговиот поранешен соиграч од Лион, Жунињо, Миралем Пјаниќ мајсторски биеше за 2-0.