24фудбал

Каква иронија, Манчини ја подмладува Италија а Кваљарела стана најстариот стрелец во историјата на „аѕурите“ (ВИДЕО)

Фабио Кваљарела вечрва испиша нова историја и стана најстариот стрелец во историјата на Италија откако погоди од пенал на дуелот со Лихтенштајн во квалификациите за Европското првенство.

ЕВРО 2020

Откако „аѕурите“ не успеаја да се пласираат на мундијалот во Русија, Роберто Манчини седна на клупата со цел да креира нова генерација која ќе може да атакува на највисоки успеси.

Стратегот почна со подмладување на репрезентацијата и им даде прилика на голем број нови имиња. Последен е Моизе Кин, тинејџерот кој не е стандарден во Јувентус, но старуваше против Финска во саботата и стана вториот најмлад стрелец во историјата на Италија.

Но Роберто Манчини не ги заборава ниту играчите кои имаат добра сезона, па вечерва со старт од првата минута против Лихтенштајн беше награден Фабио Кваљарела.


Иронично, фудбалерот на Сампдорија испиша историја и стана најстариот стрелец во историјата на „аѕурите“ откако погоди од пенал. Со 36 години и 54 дена постави нов рекорд, претходниот го држеше Кристијан Панучи, кој имаше 35 години и два месеци кога погоди против Романија во 2008.

За куриозитетот да биде поголем, Кваљарела за последен пат беше стартер за Италија на официјален меч пред речиси десет години (14. октомри 2009 против Кипар) а и тогаш мечот се играше на „Енио Тардини“ во Парма, исто како и денешниот.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.