24фудбал

Го преживеа падот на авионот на Чапекоенсе, а сега почина играјќи фудбал со пријателите

Нов тажен ден за Чапекоенсе, новинарот Рафаел Хензел кој го преживеа кобниот лет од 2016, синоќа починал од срцев удар кој го претрпел додека играл фудбал со пријателите.

Јужна Америка

Во 2016, Бразил и фудбалскиот свет беа погодени од голема трагедија, авионот со кој патуваше експедицијата на Чапекоенсе за Колумбија и финалето во Копа Судамерикана се урна откако остана без гориво. Од 77 патници, само шест ја преживеаја несреќата а еден од нив беше и новинарот Рафаел Хензел.

Сепак, Чапекоенсе денеска доби нови тажни вести, Рафаел Хензел почина од срцев удар. Тој синоќа играл фудбал со пријателите, колабирал на теренот и веднаш бил пренесен во болница, но докторите не можеле да сторат ништо.

„Со големо жалење ги примивме вестите за смртта на новинарот Рафел Хензел. Во својата брилијантна кариера, тој на најдобар можен начин ја раскажуваше приказната за Чапекоенсе. Стана симбол на реконструкцијата на клубот, па „зелено-белите“ страници на овој клуб секогаш ќе го паметат неговиот пример за надминување на тешки моменти и се што тој стори, со љубов, за овој тим, за градот Чапеко и сите оние кои го сакаат фудбалот. Искрено се надеваме дека неговото семејство ќе најде сила да се справи со овој нов тежок момент. Молитвите на сите во Чапекоенсе, фановите и слушателите се со тебе“ – гласеше пораката на Чапекоенсе.

Чапекоенсе исто така побара од Фудбалската федерација на Бразил да им го одложат мечот против Крисиума, натпревар кој Рафаел Хензел требаше да го коментира.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.