Категорија: Шпанија 29.03.2019 10:45
Жерард Пике пред неколку дена на Твитер сам се покани да гостува во популарната емија „Ла Ресистенсија“, желбата брзо му беше исполнета и синоќа му беше гостин на водителот Давид Бронкано.
Дефанзивецот на Барселона е познат по тоа што на социјалните мрежи сака да испраќа „отровни стрели“ и да ги „пецка“ ривалите, па и сега беше на висина на задачата со своите шеги и коментари.
На прашањето колку пати имал секс во изминатите месец дена, Жерард Пике одговори со прашање и алудираше на победите на Барселона против Реал.
„Се бројат ли и натпреварите на Сантијаго Бернабеу?“ – порача дефанзивецот.
Следеше прашање за тоа колку пари има на сметка, а овој пат настрада градскиот ривал на Барселона.
„Имам повеќе пари од буџетот на Еспањол за оваа година“ – гласеше одоговорот, по што водителот Давид Бронкано му посочи дека буџетот на Еспањол е 57 милиони евра.
„Не се 57 милиони... многу повеќе се... проверив пред да дојдам! (Еспањол има буџет од преку 95 милиони евра)“.
Жерард Пике се мајтапеше и со самиот водител кој е фан на Атлетико.
„Имам парче мрежа од головите од последниот меч на Калдерон, но ја заборавив дома. Сакав да ти донесам дрес од репрезентацијата на Каталонија, но и тој го заборавив“.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.