24фудбал

Ова големо промашување на Левандовски може скапо да го чини Баерн Минхен (ВИДЕО)

Бранителот на титулата во Бундеслигата полека но сигурно го губи здивот во трката со Борусија Дортмунд сезонава, Баварците киксираа на денешното гостување кај Фрајбург а во финишот ја „имаа“ победата во свои раце.

Германија

Борусија Дортмунд добро се испоти, но дојде до посакуваната победа над Волфсбург со 2-0, а обата гола на Пако Алкасер беа постигнати во самата завршница од таа пресметка, по што Борусија Дортмунд сега е водечка екипа во Бундеслигата со два бода повеќе од Баерн Минхен (61).

Баерн Минхен киксираше на гостувањето кај Фрајбург играјќи реми со резултат 1-1, домаќините уште во третата минута први дојдоа до водство, но Левандовски се погрижи на паузата фаворитот да замине со нерешен резултат.

Токму Левандовски се посрамоти во самиот финиш од пресметката откако пропушти чист зицер да донесе победа за Баварците.


Промашувањето на Левандовски стави „зачин“ во лошата сезона на Баварците под водство на Нико Ковач за кого излезната врата од германскиот гигант од поодамна е отворена, а колку ќе го чини шампионот на Германија ова промашување на полскиот напаѓач до крајот на сезоната, останува да видиме...


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.