24фудбал

Синот на Роналдињо тргна по стапките на својот татко, го потпиша првиот договор со Крузеиро

Жоао Мендеш, 14 годишниот син на легендарниот Роналдињо, го доби првиот договор, тинејџерот се обврза на пет години кон Крузеиро.

Јужна Америка

Бразилскиот великан Крузеиро соопшти дека го обезбедил потписот на Жоао Мендеш, кој е син на легендарниот Роналдињо. 14 годишното момче добило пет годишен договор.

„Тој е перспективен играч со интересни каректеристики и верувам дека наскоро ќе биде интегриран во нашиот професионален тим“ – вели директорот на младинската школа, Амарилдо Рибеиро.

„Има добри физички предиспозииции, технички е добро поткован, може да игра во форот или како втор напаѓач. И покрај тоа што е прилично висок, располага со одлична брзина и добар финиш“.

Жоао Мендеш и се приклучи на младинската школа на Крузеиро во мај минатата година и во прв момент не открил дека е син на Роналдињо бидејќи сакал да успее на сопствени заслуги. Сепак, тајната за кратко време беше откриена.