24фудбал

Пукна „петарда“ во Минхен: Баварците со лекција по модерен фудбал за Милионерите (ВИДЕО)

Нико Ковач веројатно за момент се фати за сламка за спас на клупата на германскиот гигант кој бележи тешка сезона зад себе, но, денеска славеше убедлива победа против директниот ривал за титулата во Бундеслигата.

Германија

Баерн Минхен се рехабилитираше по киксот на гостувањето кај Фрајбург откако ремизираше со 1-1, а во ист момент Борусија Дортмунд со победата над Волфбург на домашен терен од 2-0 се искачи на првото место на табелата во Бундеслигата претходното коло.

Сега ситуацијата на табелата е поинаква, по денешната убедлива победа на Баварците со 5-0 пред своја публика над Милионерите, сега Баерн Минхен е прв со 64 бода, односно со бод предност во однос на својот директен ривал за титулата во Бундеслигата.

Тоа што е мошне интересно од дерби пресметката во Минхен е тоа што победникот беше решен уште по првите 45 минути игра, откако домаќинот имаше убедливо водство од 4-0.

Левандовски погоди на два пати, а останатите погодоци за Баерн Минхен ги постигнаа Хумелс,  Мартинез и Гнабри.