24фудбал

Навивачите скандираа „Азар оди во Реал“, Белгиецот им испрати порака

Еден Азар ги прокоментира гласините за трансфер во Реал Мадрид, вели дека во моментов е фокусиран само на Челси и за својата иднина ќе донесе одлука летоска.

Англија

Белгиецот вечерва блескаше и со два гола донесе триумф од 2-0 над Вест Хем. Гостинските навивачи во еден период од мечот решија да провоцираат и почнаа да скандираат „Азар оди во Реал“, алудирајќи на се почестите гласини за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Па по кајот на мечот, новинарот на Скај Спортс го запраша Еден Азар дали фановите знаат нешто што друвите не го знаат.

Еден Азар со насмевка на лицето порача: „Не, тие грешат. Јас само се фокусирам на Челси и завршницата од сезоната. Сакам да финишираме во топ четири, не чека и настап во Лига Европа па има уште многу за играње. За се друго ќе му ја мислам потоа“.