24фудбал

Селекторот на Аргентина удрен од автомобил додека возел велосипед, за среќа поминал добро

Лионел Скалони утрово бил удреден од автомобил додека возел велосипед на Мајрока, спротивно на првичните информации кои говореа за сериозни повреди, селекторот на Аргентина поминал добро.

Јужна Америка

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, инцидентот се случил околу 10 часот на паркинг просторот на престижното училиште Агора Порталс, во близина на домот на Лионел Скалони на Мајорка.

Селекторот на Аргентина бил удрен кога автомбил се враќал наназад и возачот не забележал дека поминува велосипед.

Лионел Скалони веднаш бил пренесен во болница, имал неколку рани на главата и рацете. Првичните информации вела дека се работи за сериозни повреди со оглед на тоа дека стратегот по ударот паднал директно на лицето.

Сепак, последните извештаи велат дека предводникот на „гаучосите“ за среќа поминал добро, и откако му биле санирани искотините (добил неколку конци), тој бил пуштен на домашно лекување.